Полуда завршница немало во историјата на маратоните (Видео)

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе остане запишан во историјата како еден од најдраматичните и највозбудливите на сите времиња.

Победата ја извојува Американецот Нејтан Мартин, кој делницата од 42.195 метри ја истрча за 2 часа, 11 минути и 18 секунди, а буквално во последниот метар од трката во фотофиниш стигна на целта пред Кениецот Мајкл Камари.

Камари водеше во целата трка и се чинеше дека прв ќе ја помине целта, имаше голема предност, но во самиот финиш неговото тело едноставно не издржа.

Од друга страна, 36-годишниот Мартин покажа неверојатна сила во последните метри и забрза како спринтер и буквално неколку сантиметри пред целта го претрка Кениецот.

Овој триумф е историски, разликата со која победи Мартин е само 0,01 секунда, што е официјално најмалата забележана во историјата на маратонското трчање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести