Полуде НБА со историски трансфери – Адетокумбо ги урна сите рекорди со 250-милионски договор со Милвоки

НБА-лигата експлодира со неверојатни трансфери што се движат од 150 до 200 милиони долари, а рекордот го урна Јанис Адетокумбо, кој останува во Милвоки бакс уште пет години за фантастична сума што може да достигне и до 250 милиони долари со бонуси.

Најжешката тема по завршувањето на плејфот во НБА конечно доби епилог и популарниот Грик-Фрик одлучи да остане со Бакс за основен договор од 228 милиони долари за пет години, а ако се остварат сите бонуси што се предвидени со новиот договор, тогаш сумата ќе биде 250 милиони долари, што е апсолутен рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот.

„Шоуто продолжува. Ова е мојот дом, мојот град и среќен сум што ќе останам во Милвоки бакс и во следните пет години. Посакувам тие да бидат вистинските“, ја објави одлуката Јанис на социјалните мрежи.

Пред него баснословни договори што се движат од 150 – 200 милиони долари потпишуваа и Бем Адебајо со Мајами,  Донован Мичел со Јута, Џејсон Тејтум со Бостон, Пол Џорџ со Лос Анџелес клиперс, потоа и Брендан Инграм, кој ја продолжи соработката со Њу Орлеанс и Деарон Фокс за продолжување на договорот со Сакраменто кингс.

 

- Оглас -

Најнови вести