Ајнтрахт Франкфурт успеа да анулира негатива од два гола против Бенфика, победи во реваншот со 2-0 и со повеќе постигнати голови на гости при вкупен нерешен резултат од 4-4 се пласираше во полуфиналето во Лигата на Европа.
Во останатите реванш-дуели, Арсенал, Валенсија и Челзи повторно победија и се пласираа во завршницата.
Филип Костиќ постигна гол од офсајд во првото полувреме, но судиите не го забележаа и го поништија водечкиот погодок на Ајнтрахт, а потоа на сцена стапи Роде со нов гол за успешен пробив на „орлите“ од Франкфурт во полуфиналето.
Најдинамично беше во Лондон, каде што Челзи и Славија Прага одиграа меч за мерак со 7 погодоци. Домаќините славеа со 4-3 и со вкупен резултат од 5-3 се пласираа во полуфиналето.
Арсенал полесно од очекувањата го мина двомечот со Наполи, и тоа без примен гол и со вкиупен резултат од 3-0. Вечерва во Неапол англискиот тим славеше со 1-0 со голот на Лаказет во 36-тата минута и само ја потврди првата победа на домашен терен од 2-0.
И Валенсија лесно го реши локалното дерби со Вилјареал, повторно славеше со два гола разлика, вечерва на „Месталја“ со 2-0 и со вкупен резултат од 5-1 ја елиминира „жолтата подморница“.
Шампионот во ова издание на Лигата на Европа автоматски ќе обезбеди настап во следното издание на Лигата на шампионите.
Коментарите се затворени.