Полуфиналето на Италијанскиот куп ќе биде ефикасно

Неколку меча од Премиер лигата и првото полуфинале од Купот на Италија се централните фудбалски настани за вечерва во Европа. Според квотите на денот на SPORT LIFE, Лацио и Милан би требало да дадат барем три гола. Дерби има и во Португалскиот куп. Ви нудиме мини-анализи на петте меча кои ги одбравме за денеска како предлози.

 

Кардиф сити – Евертон (20.45 часот)

Велшаните се борат за опстанок, само еден дел ги дели од опасната зона и имаат две победи на последните три средби. Евертон е во полоша форма, има четири порази на последните пет меча. Иако традицијата најавува дека ќе има малку голови, гостите би можеле да постигнат некој гол и да останат непоразени. Евертон не играл нерешено од 10-ти декември наваму.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)

 

Лацио – Милан (21.00 часот)

На римјаните, Купот на Италија им е шанса за излез на европска сцена. Откако го елиминираа Интер, сега играат со другиот гигант од Милано. Милан има низа од седум меча без пораз во сите натпреварувања, со Пјонтек во нападот делува опасно. Милан од 2015 година не победил на „Олимпико“, па и двата тима имаат свои мотиви.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.50)

 

Порто – Брага (21.00 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето на Португалскиот куп. Порто е лидер во првенството, а Брага е трета, со осум бода помалку. Сепак ова е куп, можни се изненадувања, Брага е незгоден гостин, иако Порто многу ретко губи дома. Порто последен пат загубил од Брага пред три години, и тоа во Купот.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.30)

 

ПСЖ – Дижон (21.10 часот)

Парижаните се на пат да го освојат петтиот трофеј во Купот на Франција. Четвртфинална пречка им е Дижон, кој загуби 22 од последните 27 гостувања во Лигата, во која се бори за опстанок. На „Паркот на принцовите“, Дижон нема дадено гол, а пред еден месец, на истиот стадион од вечерашниот противник загуби со 0-8.

Предлог тип: 1 & 3-4 (2.45)

 

Лестер – Брајтон (20.45 часот)

Лестер е во резултатска криза (на последните седум меча само еднаш избегна пораз), викендов по поразот, го разреши и тренерот. Дома Лестер има четири порази по ред. Но и Брајтон исто така во последните пет лигашки меча нема победа, се бори за опстанок и традицијата е против него.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

- Оглас -

Најнови вести