ПОЛУВРЕМЕ: Македонија има водство, но разликата мора да е поголема на крај за да имаме мирен реванш во Романија

Македонската ракометна репрезентација води со 16:13 против Романија по првото полувреме од полуфиналето во бараж-дуелот за пласман на Светското првенство.

Нашите ракометари одлично го отворија мечот и само по две и пол минути водеше со 3:0, а веќе во шестата минута имаше предност од 5:1, а потоа и 7:3. Во првите 10 минути Филип Кузмановски беше најрасположен со три погодоци.

Дека Романците имаат свои квалитети, покажаа во следните неколку минути, кога со серија од 3:0 стигнаа само на еден гол негатива, па селекторот Кирил Лазаров мораше да побара тајмаут. По 15 минути игра, Македонија водеше со 10:8, период во кој по Филип Талески имаше пет гола, а четири погодоци постигна Кузмановски.

Во 17-тата минута за првпат Романците израмнија. и тоа на 10:10, а потоа се „разбуди“ Кирил Лазаров, кој со два гола во низа повторно донесе предност на Македонија од 12:10, а потоа поведовме и со 15:11 во 27-мата минута.

Лазаров со пет гола е најефикасен на теренот.

- Оглас -

Најнови вести