Полувреме на Арената: Вардар е на 45 минути до трофеј од Купот по 18 години (Видео)

Вардар има водство од 1-0 после првиот дел во 32-рото финале на фудбалскиот Куп на Македонија против Струга. „Црвено-црните“ се блиску до освојување на шесттиот трофеј од Купот, но прв после 18 години, а тоа би значело и враќање на европска сцена првпат по шест години.

Михаил Талевски беше стрелецот на единствениот гол во првото полувреме, откако во 26-тата минута успеа да го пронајде патот до мрежата на Ќосевски. Закариќ одлично центрираше, Омерагиќ ја пропушти топката и направи вистински избор, бидејќи таа дојде до Талевски кој го донесе Вардар во водство.

Претходно, Струга беше подобар противник се до голот на Вардар. На самиот старт одлична можност имаше Радески, кој една украдена топка и контрнапад не успеа да ги претвори во гол, откако се сплетка во моментите кога требаше да бие. Во 20-тата минута, голема мешаница пред голот на Вардар, по еден корнер на Шабани, топката како да се заглави во петте метри на „црвено-црните“, но Талески беше најснаодлив и ја собра топката пред да ја мине гол-линијата.

Сепак, после водство, Вардар доби повеќе простор за игра и лесно можеше да се случи и со поголема предност да замине на паузата. Стружани имаа многу среќа во 39-тата минута, кога Донгмо упати удар од еден отпадок, а топката заврши во стативата од голот на Ќосевски.

Финалето го следат околу 5.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести