Полувреме на „Паркен“: Одбраната дисциплинирана, мрежите мируваат

Мрежите мируваат по првите 45 минути на „Паркен“ во Копенхаген. Македонската одбрана одигра дисциплинирано, па може да бидеме задоволни од резултатот, со оглед дека Данска диктираше темпо и имаше повеќе од играта.

Данска имаше 12 обиди кон нашиот гол, од кои четири одеа во рамки на нашиот гол, но Столе Димитриевски беше на висината на задачата, како и целата дефанзива, па може да бидеме задоволни од резултатот 0-0 на полувремето.

Македонија е ориентирана на одбраната, но се чини дека ако сакаме да го решиме мечот во регуларните 90 минути, ќе мора да одиграме нешто и во нападот, бидејќи статистички не се заканивме ниту еднаш кон противничкиот гол.

Данците имаа 71% посед на топката, изведоа и седум корнери наспроти нашите два.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести