Возбудливи 45 минути се одиграа на првите полуфинални натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига. Трите премиерлигаши имаат водство после првото полувреме, а води и Бетис против Фиорентина.
Манчестер јунајтед игра полувреме од соништата на едно од најтешките гостување во Европа, против Атлетик во Билбао и води со 0-3, а има и играч повеќе. Каземиро во 30-тата минута ги донесе „црвените ѓаволи“ во водство од 0-1, а во 37-мата минута Бруно Фернандеш погоди од пенал, откако претходно беше исклучен Вивиан. Капитенот на Манчестер јунајтед погоди и за 0-3, во 45-тата минута.
Иста предност, од 2-0, во Лигата на Европа има и Тотенхем на домашен терен против Бодо/Глимт. Џонсон уште во првата и Медисон во 34-тата минута погодија за Тотенхем.
Во Конференциската лига, Челзи води со 0-2 на гостувањето кај Ѓургарден со головите на Санчо во 12-тата и Мадуеке во 43-тата минута, додека Бетис има предност од 1-0 на домашен терен против Фиорентина со голот на Езалзули во седмата минута.