Полувреме: ПСЖ „гази“, Интер Мајами без шут кон противничкиот гол (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ се пред пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако имаат водство од 4-0 после првото полувреме против Интер Мајами.

Разликата во класи помеѓу актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и екипата предводена од Лионел Меси се гледа и во статистиката, која вели дека екипата од МЛС лигата воопшто не се ни обиде да шутне кон противничкиот гол, а поседот на топката им е под 30%.

Клучната фигура во првите 45 минути беше португалскиот интернационалец, Жоао Невеш, кој беше стрелец на два гола, во шесттата и во 39-тата минута, додека третиот гол беше автогол на Авиљес во 45-тата минута.

Четвртиот гол за „светците“ беше дело на Аштраф Хакими во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести