Репрезентацијата на Шпанија има водство од 2-0 после првите 45 минути на полуфиналниот меч од Лигата на нации против Франција. Двете селекции играат фантастичен фудбал во првото полувреме со шанси на двете страни, но само Шпанците успеаја да го пронајдат патот до противничката мрежа и тоа двапати.
Нико Вилијамс во 22-рата минута ја донесе Шпанија во водство од 1-0, а само три минути подоцна Микел Мерино зголеми на 2-0. Асистент на двата гола беше Микел Ојарзабал.