Фудбалерите на Шкендија имаат негатива од 3-1 по првите 45 минути на гостувањето кај Карабах во Баку. Сепак, мечот започна како од соништата за шампионот на Македонија.
Бесарт Ибраими со фантастична топка во 10-тата минута го пронајде Тамба, кој излезе очи во очи со противничкиот голман и успешно реализира за водство на Шкендија од 0-1, но и за израмнување на 1-1 во двомечот.
Сепак, идиличниот резултат за Шкендија беше активен само шест минути бидејќи Цаке во 16-тата минута си постигна автогол, а само две минути подоцна Карабах дојде во водство од 2-1 со голот на Кеди.
До крајот на првиот дел, Азербејџанците погодија уште двапати. Акунѕаде во 33-тата минута зголеми на 3-1, а Јанковиќ во 35-тата минута од пенал ги постави конечните 4-1 на полувремето.
Шкендија веќе е елиминирана од Лигата на шампионите, само чудо може да ги однесе во плејофот од Лигата на шампионите, но тетовци ќе продолжат во Лигата на Европа, а имаат загарантирано место најмалку во групната фаза од Конференциската лига.