Полувреме во Билбао: Тотенхем води од единствениот удар кон противничкиот гол (Видео)

 

Тотенхем има водство од 1-0 по првите 45 минути на „Сан Мамеш“ во Билбао, против Манчестер јунајтед во финалето од Лигата на Европа.

Единствениот гол во првото полувреме беше дело на Бренан Џонсон, кој најдобро се снајде во противничкиот петтерец во 42-рата минута и успеа да го пронајде патот до мрежата на Онана.

Црвените ѓаволи имаа поголем посед на топката во првото полувреме и се чини дека беа поблиску до водство, упатија и два удари во рамките на противничкиот гол, за разлика од само еден на Тотенхем, но во второто полувреме ќе мора да фрлат сè на една карта и да се обидат да дојдат до пресврт.

Мечот во Билбао не само што е битка за освојување на трофејот од второто по ранг европско натпреварување, туку на освојувачот ќе му донесе и место во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести