21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Полувреме во „Кале“: Македонија блеска и има +13 на паузата

Македонската кошаркарска репрезентација го одигра најдоброто полувреме во претквалификациите за пласман на Светското првенство. Иако веќе немаме ниту теоретски шанси да ја минеме групата, сепак нашите кошаркари блескаат против Унгарија и имаат водство од 13 поени разлика на полувремето, односно 45-32.

Нашите кошаркари го добија првиот период со 23-15, додека во вториот бевме подобри со 22-17, а клучен период за нашето убедливо водство беше финишот од првата четвртина, кој го завршивме со серија од 11-0, серија која порасна и на 13-0 на стартот од вториот период.

Дури деветмина кошаркари се запишаа во листата со стрелците. Најефикасен во првото полувреме беше Џејкоб Вајли со 12 поени, додека два помалку уфрли Виктор Ташовски, кој го игра натпреварот на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести