Полувреме во ЛШ: Барен убедлив со Јунајтед, Арсенал нема милост за ПСВ (Видео)

Во првото полувреме на вечерните натпревари од Лигата на шампионите се постигнати десет гола во шест натпревари. Најефикасно е во Лондон, каде што Арсенал нема милост за екипата на ПСВ Ајдховен и води со 3-0, додека Наполи со голот на Ди Лоренцо во самиот финиш има предност од 0-1 против Брага на гости.

Во дербито на вечерта, Баерн Минехн е убедлив против Манчестер Јунајтед и веќе води со 2-0 со головите на Сане во 28-мата и Гнабри во 32-рата минута.

На останатите натпревари, Бенфика има негатива од 0-1 на домашен терен против Салцбург, Сосиедад води против Интер со 1-0, додека на дуелот помеѓу Севиља и Ленс е 1-1.

- Оглас -

Најнови вести