Остануваат само уште 45 минути до крајот на групната фаза на Лигата на шампионите, а сè уште ништо не е познато, барем кога се работи за екипите кои ќе бидат во топ-8, но и оние кои ќе се пласираат во разигрувањето.
Динамо Загреб е пред сензација, со оглед на тоа дека има водство од 1-0 на полувремето против Милан, со голот на Батурина, но има и човек повеќе на тревникот на „Максимир“.
Во прилог им оди и резултатот од Манчестер, каде што Сити има негатива од 0-1 против Бриж, па доколку Граѓаните не направат пресврт, тоа би значело вистинска катастрофа за нив и елиминација од Лигата на шампионите.
Интересно е и во борбата за влез во најдобрите осум екипи, што би значело и играње на едно коло помалку. Неколку гиганти чекаат помош од Барселона, која треба да ја победи Аталанта, но резултатот во Каталонија е 0-0, а голема битка се води и помеѓу трите бундеслигаши за влез помеѓу привилегираните.