Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е стартер за екипата на Жирона на мечот од Лигата на шампионите, но каталонскиот клуб на полувремето губи од Феенорд со 1-2.
Жирона одлично го започна мечот и во 20-тата минута дојде во водство од 1-0 со погодокот на Давид Лопес. Сепак, во продолжение од првиот дел, гостите од Холандија направија комплетен пресврт.
Јанхел Ерера во 23-тата минута си постигна автогол за израмнување на 1-1, а Антони Миламбо во 33-тата минута го донесе Феенорд во водство од 1-2. Гостите имаа можност на паузата да заминат и со поубедлива предност, но Ајасе Уеда во 36-тата минута не успеа да реализира пенал.
Аталанта има сигурно водство од 0-2 на полувремето во дуелот против Шахтар Доњецк, меч кој се игра на неутрален терен во Гелзенкирхен. Албанскиот интернационалец Берат Џимшити ги донесе гостите во водство од 0-1 во 21-вата минута, додека на 0-2 зголеми Адемола Лукман во 44-тата минута.