Фудбалерите на Шкендија со предност од 2-1 од првиот меч во Скопје отпатуваа за Разград, на реваншот од плеј-офот на Лигата на Европа против Лудогорец, но водството го загубија за само 15-тина минути.
Шампионот на Бугарија има предност од 2-0 по првиот дел, со головите на Едвин Куртулус во деветтата и на Ивајло Чочев во 24-тата минута.
Лудогорец со тотална офанзивна го започна мечот и силно притискаше кон голот на Шкендија, што им се исплатеше со два постигнати гола. И статистички Бугарите беа далеку подобар противник во првиот дел. Упатија вкупно 14 удари кон голот на Шкендија, од кои дури шест беа во рамките на голот. На спротивната страна тетовци само двапати се заканија, но ниту еден удар не одеше во рамки од голот.
По примените два гола, играта како да се стабилираше, а Шкендија се обиде да се трансформира во офанзива, но Јетон Беќири сигурно ќе има што да им каже на своите избраници на паузата.