Барселона има водство од 1-0 после првите 45 минути против Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Куп. „Каталонците“ од самиот почетокот тргнаа офанзивно и најавија дека имаат намера со сите сили да тргнат по трофејот. „Кралевите“ дефанзивно ориентирани и со долги топки и преку контра напади се обидуваа да го загрозат голот на Шчесни.
Единствениот гол во првото полувреме беше дело на Педри, кој упати вистинска бомба кон голот на Куртоа и успеа да го совлада. Акцијата започна од половината на Барселона, Кубарси со долга топка го пронајде Јамал, а овој откако влезе во шеснаестникот, со фантастична асистенција го пронајде Педри, кој буквално ја искина мрежата на „кралевите“.
Статистички, Барселона комплетно коминираше. Поседот на топката е на страната на „каталонците“ 63-37, ударите кон противничкиот гол 9-1, додека корнерите 5-1, а Барселона еднаш ја погоди и рамката од голот на Реал Мадрид.
Во 16-тата минута се случи и најспорната ситуација, после која и главниот судија, но и ВАР собата останаа неми и без реакција. Валверде со рака ја спречи акцијата на Барселона, но за судиите тоа не беше доволно за пенал. Од видеото и фотографијата во продолжение проценете сами дали беа во право.
📸 – Barcelona asking for a penalty after a handball from a slip. pic.twitter.com/Nun1UAl4pr
— VAR Hub (@VARHub) April 26, 2025
No penalty for Barcelona there… pic.twitter.com/AbOamDc4xE
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 26, 2025