Помалку неверојатно: Баерн Минхен постави антирекорд во Лигата на шампионите

Баерн Минхен го претрпе најтешкиот пораз во последните шест години во Лигата на шампионите откако со 3:0 загуби во Манчестер од Сити. Овој резултат дава мали шанси дека најтрофејниот германски клуб ќе може во реваншот да анулира три гола заостанување за да се пласира во полуфиналето од елитното натпреварување на УЕФА.

Со поразот од Манчестер, Баерн Минхен постави еден антирекорд во ерата на ЛШ. Тоа беше 12-ти пораз на баварскиот гигант во четвртфиналната фаза. Ниту еден друг клуб нема толку многу порази во четвртфинални дуели од ЛШ.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, беше многу разочаран по неуспехот во Манчестер, посебно поради фактот што неговиот тим играл добро, а на крајот загуби убедливо. Едноставно, Тухел рече дека не може да го прифати тој резултат.

- Оглас -

Најнови вести