Поместена границата, Унгарецот Собослаи стана најмлад капитен во историјата на ЕП, но…

Унгарецот Доминик Собослаи стана најмлад капитен на една селекција во 64-годишната историја на европските првенства.

Фудбалерот на Ливерпул има само 23 години, 7 месеци и 21 ден, но ја доби честа да ја носи капитенската лента во националниот тим и тоа на меч од ЕП, што му донесе влез во историјата како најмлад капитен.

Но, на Собослаи не му оди како што посакуваше, по првото полувреме, неговиот тим губи со 0-2. Квадво Дуа и Мишел Аербишер ги постигнаа своите дебитантски голови за Швајцарија и му донесоа убаво водство на својот тим по првите 45 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести