Поминаа 10 години како на ФБ молеше некој да игра баскет со него, а сега е главна ѕверка во НБА

„Сака ли некој да играме баскет?“, напиша еден млад вљубеник во кошарката пред 10 години. На неговото прашање не доби ниеден одговор, па често и самиот тренирал верувајќи дека може да ги исполни своите соништа. Десет годни подоцна, тоа момче сега е главен во НБА-лигата. Се работи за Никола Јокиќ, кој блеска во дресот на Денвер нагетс.

Јокиќ е роден во Сомбор, а како тинејџер често имал проблеми со килажата. Бил далеку од идеални предиспозиции за кошаркар, но тој не се откажал.

„Тогаш бев многу понизок и подебел, но мојот татко беше голем љубител на кошарката и јас не се откажав од тренинзите. Бидејќи не бев многу висок, ме ставаа на позиција плејмејкер, што придонесе да имам такви квалитетни додавања сега. Пред да пораснам, бев дебелиот плејмејкер“, се сеќава Јокиќ.

Иако на 7 февруари никој не му одговорил на тогаш 15-годишниот Никола за играње баскет во маало, сега 10 години подоцна тој е главна ѕверка во НБА и воодушевува на секој нареден меч.

Едноставно Јокиќ е доказ дека никогаш не треба да се откажете од сонот и дека ако доволно верувате во вашите квалитети, може да дојде денот кога ќе бидете на врвот од тоа што го сакате.

 

- Оглас -

Најнови вести