На 8 декември 1991 година, односно пред точно 30 години, македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски се искачија на светскиот клупски трон.
Во дресот на Црвена ѕвезда, Панчев и Најдоски, на меч одигран во Јокохама победија со 3:0 против тогашниот јужноамерикански шампион Коло Коло од Чиле. Панчев беше стрелец на еден гол, додека Најдоски со капитенската лента на раката ја имаше честа прв да го крене трофејот наменет за светскиот клупски првак.
Тогаш се случи и анталогиската фотографија на која двајцата Македонци со високо кренати трофеи во рацете го славеа успехот. Од тогаш, само уште Горан Пандев бил светски клупски првак со Интер во 2010 година, но уште не се случило двајца Македонци со ист клуб да бидат планетарни шампиони.