Поминаа два дена, на Фејсбук страницата на Црвена ѕвезда уште го нема резултатот од мајсторката со Партизан

Партизан после пауза од десет години ја освои јадранската АБА лига, во мајсторката од финалето ја победија Црвена ѕвезда со 3-2 во победи, а администраторите на Фејсбук страницата на Ѕвезда не ставија ништо во врска со конечниот исход на мечот.

Поминаа два дена од крајот на финалето, и јасно е дека нема да информираат за резултатот, затоа што после информацијата за резултатот од полувремето (54-34 за Партизан), наредната вест им е од вчера, а тоа е дека Стефан Марковиќ си заминува од клубот.

На официјалната интернет страница на клубот, има извештај од мечот, стои и резултатот кој не е поволен за Ѕвезда, истото стои и на профилот на „Твитер“, но на Фејсбук, нема текст за тоа како завршило финалето на АБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести