Помладиот син на Леброн Џејмс е сигурен дека може да го победи татко му во игра „еден на еден“ (Видео)

Брони Џејмс е медиумска сензација во САД, но Леброн Џејмс има уште еден син кој не е толку познат, а велат е поталентиран од Брони. Станува збор за Брајс Џејмс, кому не му недостасува самодоверба, па би се рекло и дрскост.

Говореше во едно интервју, а кога го прашаа: „Кога би играл “1 на 1′ против татко ти, кој би победил?“, а 17-годишниот Брајс како од пушка одговори: „Јас“.

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, трикратен олимписки и четирикратен НБА-првак, сигурно не би се согласил со ова. Можеби навистина треба да одиграат една партија за да се види кој е кој.

- Оглас -

Најнови вести