2.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Помогна благословот од Ибра и Лука, Елмас со Наполи го освои Суперкупот на Италија! (Видео)

Наполи ја победи Болоња со 2-0 во финалето на италијанскиот Суперкуп и по третпат во својата историја (по 1990 и 2014) го освои овој пехар.

Елиф Елмас беше стартер на финалето во Ријад и одигра 68 минути, а во првите 15-тина минути имаше две одлични шанси. Головите за Наполи ги постигна Бразилецот Давид Нерес.

По полуфиналето со Милан, Елмас се дружеше и се фотографираше со легендите Лука Модриќ и Златан Ибрахимовиќ, тие му посакаа успех во финалето и желбите се остварија. Елмас првпат го освои Суперкупот на Италија, а претходно со Наполи ги освои и титулата во Серија А и Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести