Хенрик Хансен, помошниот тренер на данскиот прволигаш Оденсе, им одржа час по фудбал на играчите на актуелниот првак Копенхаген, во денешниот контролен натпревар кој заврши со реми од 2-2. Иако има 40 години и не е активен фудбалер, Хансен ги одигра последните минути од мечот и успеа да изведе магија, при тоа да ги спаси гостите од пораз.
Се играше играше 86-тата минута кога тренерот дојде до посед на топката во опасната зона, па наместо да комплицира од место го лобуваше противничкиот голман, а недостижната топка помина точно под гредата пред да влезе во голот.
40 year old assistant manager of Odense Boldklub just subbed on against FC Copenhagen and did this from soccer
Инаку, данското првенство по два месеци пауза поради пандемијата со корона-вирусот, се враќа на програмата на 28 мај.