Помошникот на Алегри му се заканувал на Спалети по дербито: Го*но ќелаво…

Тренерот на Наполитанците, Лучано Спалети, добил закани од помошник на стратегот на Старата дама по дербито во 31-вото коло, пишува во извештајот на Фудбалската федерација на Италија.

Весникот „Ла стампа“ објави делови од извештајот во којшто е наведено дека Марко Ландуки, помошник на Алегри, по завршување на натпреварот кој се играше на „Алијанц арената“ во Торино, му пришол на тренерот на Наполи и вербално му се заканил.

„Го*но ќелаво, ќе ти го изедам срцето“, наводно му рекол Ландуки на Спалети, а овие закани ги слушнал и еден од делегатите на натпреварот и тоа го ставил во извештајот.

Во извештајот е наведено дека Спалети не реагирал на навредите, туку го игнорирал Ландуки и си заминал кон соблекувалната.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1650812302721970177?s=20

- Оглас -

Најнови вести