Понеделничка петка со мирис на добивка

3145 Славен Белупо – Динамо З. (17.00 часот)

Динамо е под притисок дека мора да победи, а изгледа тоа ќе треба да го направи без неколку повредени играчи, меѓу кои и Ристовски, кој добил удар на мечот со Астана и мали се шансите да игра против Славен. Загрепчани имаат дури 12 бода помалку од лидерот Хајдук, но Динамо има и одиграно три меча помалку. Динамо е најефикасен тим во хрватската лига според просекот на голови по меч (даваа точно по 2 во просек). Славен Белупо се бори за опстанок, но во претходните две кола освои четири бода. Во септември кога играа во Загреб, Динамо победи со 3-0.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.96)

 

5612 Ал-Хилал – Насаџи Мазандаран (17.00 часот)

Ал-Хилал бележи резултати какви што посакуваа, убедливо се први во саудиската лига, а и во азиската ЛШ добро им оди и денеска треба да го запечатат првото место во групата. Иранскиот Насаџи во петте кола има две победи и три пораза, а кога овие екипи се сретнаа во Иран, Ал-Хилал победи со убедливи 3-0. Ал-Хилал има серија од седум победи по ред без примен гол, реално е и вечерва во Џеда да има таков исход.

Предлог тип: 1 сигурна (1.62)

 

5613 Ал-Итихад – Сепахан (19.00 часот)

Ова е саудиско-иранска битка за првото место во групата бидејќи во пресрет на ова последно коло, Ал-Итихад има два бода повеќе од Сепахан, па му треба бод за прво место и пласман во следната рунда. Бензема и другарите победија на гостувањето кај овој тим во Иран со 3-0, па и вечерва дома не би смееле да киксираат и ќе треба да покажат кој е број 1 во групата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1361 Селта – Кадис (21.00 часот)

Тука не се знае кој е послаб. Кадис има три бода повеќе, но ниту едните ниту другите одамна не победиле, всушност Селта има само една победа сезонава, а одиграа 14 кола. Плус тоа, ова е дуел на две од четирите најнеефикасни екипи во шпанската Ла Лига. Тимот од Виго како домаќин и со помалку проблеми со повредени, важи за фаворит. Последната домашна победа на Селта беше на крајот на минатата сезона.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

1544 Спортинг – Жил Висенте (21.15 часот)

Спортинг Лисабон во минатото коло на драматичен начин претрпе пораз во градското дерби против Бенфика и сега треба да им се врати на победите. Жил Висенте освои само два бода во последните четири кола, а тоа е тим кој во просек и дава и прима по два гола на секој меч. Традицијата е на страна на домашните, последната лигашка победа на Жил Висенте против Спортинг била во 2002 година. При последните четири пресметки во Лисабон, секогаш беше кец со ГГ и 3+ голови.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.89)

- Оглас -

Најнови вести