Денешниот Супер тип на Sport Life стандардно има 16 натпревари со зголемени квоти и има интересен микс дури од пет спорта.
Седум натпревари се фудбалски, по три се од хокеј и кошарка, два од тенис и еден меч е од МЛБ-лигата во бејзбол.
Понудата вообичаено започнува со тенис, и тоа со пресметката меѓу Цуренко и Шнајдер, каде што фаворитка е украинската тенисерка (1.56). Вториот меч е од мастерсот во Шангај меѓу Циципас и Умбер. Тука Циципас е фаворит и специјално зголемената квота изнесува 1.58.
Од фудбалските натпревари, во отсуство на прволигашки фудбал низ Европа, специјално зголемени квоти има за екипи како Елче, Хелсигор, Еспањол, АВС, Кобрелоа, Спорт Ресифе и Велес Сарсфилд.
Хокејот е застапен со три меча: Череповец – Динамо Москва и Спартак Москва – Витез од КХЛ-лигата, како и мечот од данското првенство меѓу Фредериксхавн и Одензе.
Трите кошаркарски меча се од литванската, турската и АБА-лигата. Јувентус е фаворит против Невезис (1.47), Фенербахче против Каршијака (1.89), а ФМП против Цибона (1.52). Во МЛБ-лигата во бејзбол, специјално зголемена квота има за победа на Атланта брејвс над Филаделфија филис.