32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Понеделничките Квоти на денот се фантастични, сите се со коефициент 2.00 или поголем (Фото)

Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.00 или поголем и ако ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 72.69.

Во данскиот шампионат играат Брондби и Архус и предлогот на Sport Life е да одиграте дека домаќинот ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар. За оваа игра квотата изнесува 2.55.

Идентична е квотата и за вториот предлот, кој е од шведскиот шампионат. Гетеборг го пречекува АИК и тука се очекува домаќинот да не загуби, а притоа двата тима да постигнат гол.

Третиот предлог е од мечот од Серија А меѓу Торино и Сасуоло и тука предлогот е да се одигра на голови. За играта дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме квотата изнесува 2.15.

Најмалата квота е за дуелот меѓу Хетафе и Кадис во Ла Лига и изнесува 2.00. Оваа квота се добива ако се одигра Хетафе да не загуби, а притоа да бидат постигнати помеѓу два и пет гола.

Последниот предлог ја има и најголемата квота која изнесува 2.60 и е највозбудливиот фудбалски меч денеска. Колото во Премиер лигата го затвораат лондонските ривали Тотенхем и Челзи и предлогот на Sport Life е да се одигра дека Петлите ќе постигнат барем два гола, но и двата тима ќе ја тресат мрежата.

- Оглас -

Најнови вести