Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.00 или поголем и ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 54.33.
Првиот предлог е од дуелот од Серија А меѓу Верона и Лече. Домаќинот игра очајно сезонава и е претпоследен на табелата, но во последните неколку сезони игра одлично против Лече и предлогот на Sport Life е да се одигра дека нема да загуби и притоа дека ќе има помеѓу два и шест гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.25.
Во данскиот шампионат колото ќе биде затворено со дерби-дуелот меѓу Силкеборг и Митјиланд и тука предлогот е да се одигра на голови. За играта дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и барем три на целиот меч, квотата изнесува 2.10.
Во Серија А има уште еден дуел, тој меѓу Болоња и Торино, а предлогот на Sport Life е со квота од 2.30. Оваа квота се добива ако се одигра дека Болоња нема да загуби и притоа ќе бидат постигнати меѓу два и четири гола.
Најголемата квота е од дуелот од Премиер лигата меѓу Фулам и Вулверхамптон и изнесува 2.50. За оваа квота потребно е да одиграте дека двата тима ќе постигнат гол и дека мрежите ќе се тресат барем по еднаш и во првото и во второто полувреме.
Последниот предлог ја има најмалата квота која изнесува 2.00 и е највозбудливиот фудбалски меч денеска. Колото во Ла Лига го затвораат Жирона и Атлетик Билбао и предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.