Поништен гол на Несторовски, Фиорентина ја продолжи доминацијата против Удинезе

Илија Несторовски постигна гол за Удинезе против Фиорентина, но судијата по консултација со ВАР системот оправдано го поништи, поради игра со рака на Окака.

Македонскиот репрезентативец играше нешто повеќе од еден час и беше заменет во 63. минута, и само десеттина минути подоцна Никола Миленковиќ со удар со глава и донесе победа на Фиорентина.

Тоа е 13-та победа по ред на виолетовите на домашен терен против „црно-белите“ од Удине.

Несторовски се уште го чека првиот гол за новиот клуб, што го засили ова лето, а моментно Удинезе е најнеефикасниот тим во Серија А со само 3 погодоци на 7 меча. Имаат 7 бода на 14. позиција, додека Фиорентина со втората победа по ред скокна на шестото место со 11 бодови во Калчото.

 

Илија Несторовски

- Оглас -

Најнови вести