Натпреварувачкиот комитет на шпанската фудбалска федерација одлучи фудбалот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, да не добие казна за црвениот картон кој го доби на натпреварот со Валенсија.
Откако ги виделе сите снимки од инцидентот во Валенсија каде Винисиус беше навредуван на расна основа, а исклучен за удирање на противничкиот играч Уго Дуро, од кого претходно беше давен, одлучено е дека станува збор за грешка на судијата.
За однесувањето на нејзините навивачи, Валенсија е казнета парично со 45.000 евра и пет меча играње на „Месталја“ без публика. Од Валенсија се огласија со соопштение во кое најавија жалба за овие „нефер и непропорционални“ казни. Клубот презеде мерки со доживотна забрана за влез на нивниот стадион на неколку фанови расисти кои го навредуваа Винисиус, но тоа не ги спаси.
Вечерва Реал Мадрид игра дома со Рајо Валјекано, а Винисиус кој вчера имаше слободен ден и не тренираше, сега одеднаш доби право на настап и на тренерот Карло Анчелоти е дали ќе го повика да игра.