Манчестер сити убедливо со 3:0 го победи Ливерпул во дербито на англиската Премиер лига. Граѓаните доминираа на теренот и на крајот ги освоија трите бода, но ситуацијата можеше да биде поинаква доколку беше признат голот на Ливерпул во 38-мата минута, со кој гостите можеа да израмнат на 1:1.
Имаше корнер за Ливерпул, а Вирџил ван Дајк погоди со глава. Сепак, и покрај славењето на гостите, домаќините реагираа, посебно голманот Донарума. Чуварот на мрежата на Сити сиганлизираше дека Енди Робертсон беше во офсајд-позиција и дека треба погодокот на гостите да биде поништен.
Судијата Крис Каванаги го призна голот, но помошникот покажа офсајд, па погодокот беше поништен. Од Ливерпул уверуваат дека Донарума имал чист поглед на топката и дека Робертсон иако бил во офсајд, тој не влијаел на акцијата во која беше постигнат голот на Ван Дајк.
Овој поништен гол на Ливерпул може да го видите ТУКА.

