Понуда од англиските Волци за Партизан што не се одбива – Шест милиони евра за фудбалер со 8 настапи, плус 20 отсто од следниот трансфер

Партизан ја има една од најдобрите младински школи во Европа и повторно е на прагот да продаде фудбалер за голема сума пари, а во игра е понудата на англискиот Вулверхемптон за 18-годишниот Марко Миловановиќ.

Англиските Волци му нудат на Партизан отштета од шест милиони евра, плус 20 отсто од следниот трансфер на тинејџерот и да остане во Белград за да игра за „црно-белите“ до крајот на оваа сезона.

Фудбалерот што има само 18 години има 8 настапи за Партизан, но е голем талент и за него има интерес уште од неколку познати европски клубови.

Миловановиќ е корпулентен напаѓач висок 196 сантиметри, а во Партизан е од дете, кога пристигна на седумгодишна возраст во фудбалската Академија на повеќекратниот српски шампион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести