Понуда за авантуристи: За време на СП во Катар може да се спие и во шатори во пустина!

Навивачите кои планираат да патуваат во Катар за време на Светското првенство во фудбал, кое ќе се игра годинава во ноември и декември, не мора да се сместат само во хотели, вили или апартмани, туку добија опција за спиење во бедуински шатори среде пустина.

Оваа опција нуди запознавање со традиционалната арапска култура, а во шаторите кои се во близина на главниот град Доха ќе има вода, струја и систем за одвод, но не и клима-уреди.

За време на СП се очекува Катар да го посетат 1,2 милиони странци, а 80 отсто од хотелите се резервирани од репрезентациите, официјални лица, судии, новинари, делегати.

- Оглас -

Најнови вести