По дводневната мини пауза поради полуфиналните мечеви во НБА-купот, кои се бројат и за регуларниот дел од сезоната, вечерва во најсилната кошаркарска лига на светот ќе се играат 11 натпревари за кои Sport Life подготви одлична понуда за обложување. За секој меч има по 161 комбинација за играње.
Има и таканаречени зицери, а големи фаворити се Минесота тимбервулфс против Сан Антонио спарс, Оклахома сити тандерс против Хјустон рокитс, Далас маверикс против Јута џез, Голден стејт вориорс против Портланд трејлблејзерс.
Уште два меча, по еден во Западната и Источната конференција, кои го привлекуваат вниманието. Најслабиот тим во лигата, Детроит пистонс, кој е во серија дури од 17 порази по ред, игра против Орландо меџик, и е на „добар пат“ да го собори рекордот на Филаделфија сиксерс, која загуби дури на 28 меча во низа.
На Западот ќе се игра дербито на вечерта, и тоа во „Крипто.ком арена“ во Лос Анџелес, каде што Клиперси ќе го пречекаат шампионот Денвер нагетс.
Секогаш многу привлечна е и листата со понудени кошаркари во Sport Life, на кои може да се типува со плус или минус поени.
Сега изборот е огромен, во понудата има 86-мина кошаркари, а главни фаворити за плус поени се врвните стрелци Кари, Харден, Гилџес-Александер, Едвардс, Ембид…
Изборот е голем, само треба да се направи добитна стратегија во Sport Life.