Девет натпревари од кошаркарската НБА-лига се на менито вечерва по полноќ, а за некои од нив навистина има интересни и привлечни квоти во богатата понуда на Sport Life.
Една од квотите за конечен тип кои делуваат привлечно е онаа од 1.85 за триумф на Лос Анџелес лејкерс против Сан Антонио спарс. Лејкерс е фаворит бидејќи против себе има тим кој е во црна низа од 17 порази едноподруго. Мамузите немаат победа уште од 3 ноември наваму.
Ова е прв меѓусебен дуел на овие два тима сезонава, првиот пик Виктор Вембањама ќе има прилика да се сретне со легендата Леброн Џејмс. На младиот Французин може да се одигра и на број на поени, тој е еден од 60-те играчи за коишто во Sport Life може да типувате колку поени ќе уфрлат вечерва.