Понудата пропадна, Иниеста и Чави нема да бидат дел до Светското првенство 2026

Андрес Иниеста беше на пат кон Мароко и требаше да ја прифати понудата да биде спортски директор на репрезентацијата на Мароко, но тој договор пропадна во последен момент. Поранешниот шпански репрезентативец е играчот кој на Светското првенство во 2010 година го постигна голот за победа на Шпанија во финалето против Холандија со 1:0. Со тој погодок Шпанија стигна до првата и засега единствена светска круна.

Иниеста имаше одлична играчка кариера, а неговото искуство сега требаше да го искористи една од најсилните африкански репрезентации. Мароко се подготвува за настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Мароко пред четири години испиша историја откако стана првата африканска земја која стигнала до полуфинале на Мундијал. Пред неколку месеци Мароко беше домаќин и на Африканскиот куп на нациите, каде што стигна до финалето. Иако го освои среброто, ова се оцени како неуспех за Мароко, па селекторот Валид Реграгуи беше принуден да си даде оставка.

Како една од опциите за нов селектор на Мароко беше Чави Ернандес, а Иниеста да биде спортски директор. Сепак, Мароко за нов селектор го назначи Мохамед Куахби. На планетарниот собир кој ќе се игра ова лето, Мароко ќе биде во група заедно со Бразил, Хаити и Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести