Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки Андријана Поп-Арсова го заврши маратонот на светското првенство во Токио и тоа со време од 3 часа 1 минута и 48 секунди.
За оваа маратонска трка во женска конкуренција, беа пријавени 100 атлетичарки, а на стартот се појавија само 73.
На крајот, маратонот го завршија 63 атлетичарки, а Поп-Арсова заврши на 62 место, што значи само една атлетичарка пристигнала на целта со време послабо од 3:01.48 часа.
Впечатливо е тоа дека само 8 жени успеаа да постигнат резултат под два и пол часа, а новата светска шампионка триумфираше со време од 02.24.43 часа.
Скоро сите атлетичарки беа далеку од своите најдобри времиња, па така и Адријана која истрча најслаб маратон во изминатите шест години.