Натпреварот од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Работнички и Шкупи нема да се одигра денеска поради лоши временски услови, поточно поплавен е теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
Тешки се условите и на теренот во Ѓорче Петров, каде што Лавовите се домаќини на Силекс, но таму дренажата е подобра отколку во Маџари и мечот почна.
Во Кавадарци е суво, во Штип врне, но таму нема поголеми проблеми, натпреварите се играат без опасност дека може да бидат прекинати.