Горан Кипријановски, или попознат како Кипре, најверниот навивач на македонската фудбалска репрезентација кој ја следи речиси на сите натпревари, го развеа македонското знаме среде холандската престолнина.
Попладнево во Амстердам, Рисовите ќе ги одмерат силите со фаворизираната Холандија во рамките од третото коло во групната фаза на ЕП, меч кој ќе биде од посебно значење за нас бидејќи капитенот Горан Пандев за последен пат ќе го облече националниот дрес.
Иако Холандија забрани влез во земјата за туристи од Македонија, односно на „Јохан Кројф арената“ ќе има само македонски навивачи кои живеат во оваа земја, Кипре се погрижи да ја пренесе поддршката од навивачите кои во Букурешт ја бодреа селекцијата предводена од Игор Ангеловски.