Екипата на Осасуна заврши на седмото место во шпанското првенство и со тоа обезбеди учество во Конференциската лига на УЕФА. Сепак, тимот од Памплона нема да игра во Европскиот куп откако дисциплинската комисија на УЕФА реши да го исфли клубот од европските натпреварувања.
Осасуна цели 16 години чекаше да игра во Европа, но тоа нема да се случи ни сега.
„Одборот за жалба на УЕФА донесе одлука дека клубот Осасуна ќе се изостави од Конференциската лига за сезоната 2023/24“, стои во официјалната одлука.
На местото на Осасуна, во Конференциската лига треба да се приклучи тимот на Атлетик Билбао.