Тенискиот настан кој се очекуваше денеска да привлече големо внимание, пријателскиот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас во Атина, беше откажан во последен момент од безбедносни причини, објавија грчките медиуми.
Овој егзибициски натпревар требаше да се одржи попладнево во Зепион, во самото срце на грчката престолнина, како еден вид увертира на претстојниот АТП-турнир во Атина.
Сепак, надлежните органи одлучија да го откажат мечот, оценувајќи дека моменталните безбедносни услови не дозволуваат собирање на голем број луѓе во централниот дел на градот.

По оваа одлука на властите, навивачите останаа разочарани, но ова нема да има никакви поместувања за стартот на престојниот АТП-турнир кој ќе започне на 2 ноември, а победникот треба да биде познат на 6 ноември, за кога е закажано финалето.

 
                                    