Танаси Кокинакис е австралиски тенисер кој имаше тешки 15 месеци. Беше надвор од теренот поради болеста мононуклеоза, поради што воопшто не можеше да игра, ги загуби спонзорите и се чинеше дека тоа ќе биде крај на неговата спортска кариера.
Сепак, Кокинакис изненадувачки доби вајлд-карта за настан на Отвореното првенство на Австралија, а на ждрепката пристигна како 267-ми на светската АТП-листа. Иако беше аутсајдер, Кокинакис успеа да го победи 97-миот на АТП-листата, Квон Сунву со 3:0 во сетови.
„Се чувствувам прекрасно, ова е неверојатен момент“, рече Кокинакис по победата.
Поради долгата пауза, Австралиецот остана и без спонзорите, па непосредно пред мечот во првото коло, самиот заминал до најблиската продавница и купил маичка за играње која чинела само шест долари. Сега Кокинакис во второто коло ќе игра со фаворизираниот Циципас.