Поради болната мајка, Кирјос најави крај на кариерата: Ова е мој последен турнир

Ник Кирјос важи за еден од нај контроверзните тенисери на денешницата. Австралиецот на само 26 години реши да стави крај на својата кариера, која беше одбележана со голем број на испади.

Тој ваквото нешто го најави по елиминацијата од Лејвер купот каде што беше поразен од Стефанос Циципас. Оваа одлука е разумна, бидејќи сака да биде блиску до својата мајка, Норајлија, која што боледува од тешка болест.

„Ова е мој последен турнир. Не сум сигурен дали потоа и воопшто ќе бидам во тенисот зошто сега имам друг приоритет, а тоа е мојата мајка. Сакам да бидам што е можно поблиску до нејзе“ изјави Кирјос по елиминацијата на „Лејвер“купот.

Кирјос во моментов е на 85. место на АТП листата а во кариерата има 6 освоени титули.

 

- Оглас -

Најнови вести