Реткост е во фудбалот да се менува некое правило само поради еден играч, но токму тоа се случи во Бразил. Фудбалската федерација на Бразил реши да промени едно правило и тоа поради Мемфис Депај.
Фудбалерот кој има одиграно точно 100 меча за репрезентацијата на Холандија, сезонава настапува за тимот на Коринтијанс во Бразил и уште во првата сезона се израдува на титулата во Паулиста шампионатот.
Во финалето, Коринтијанс во првиот меч на гости со 1:0 славеше над Палмеирас, а во реваншот на свој терен, резултатот беше 0:0. Се играше 90-тата минута кога Депај реши да направи потег кој предизвика многу нервоза кај гостите.
Холанѓанецот во еден момент со двете нозе застана врз топката, а тоа ги налути противничките играчи. голема мешаница и малку фалеше да има поголем инцидент.
Memphis Depay é COBRA da bola
acabou com o jogo em um lance
— FluResenha (@resenhaflutt) March 28, 2025