Градското дерби во Тел Авив помеѓу Макаби и Хапоел беше откажано поради немири во и околу стадионот. Израелската полиција објави дека го откажала долгоочекуваниот натпревар кој требаше да се игра на градскиот стадион „Блумфилд“, и тоа поради сигурносни причини.
Навивачите непрестајно дивееја. Пред мечот фрлаа предмети кон полицајците, при што беа повредени неколкумина чувари на редот. Нередите продолжија и на трибините на стадионот. Навивачите постојано фрлаа факли и димни бомби на теренот пред самиот натпревар.
Според извештаите од синоќа, пет лица се уапсени под сомнение за нарушување на јавниот ред и мир, а 13 маскирани навивачи се приведени и за наводно палење факли и нивно фрлање на теренот.