Поради Коронавирусот одложена Ф1 трката во Кина

Формула 1 трката за Големата награда на Кина која требаше да биде од 17 до 19 април, официјално е одложена, соопштија челниците на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Трката е одложена поради опасноста од Коронавирусот кој во изминативе месец дека уби повеќе од 1.000 луѓе во Кина и се прошири со голема брзина.

„Трката за Големата награда на Кина е одложена поради коронавирусот. Организаторот на трката побара одложување заради загриженоста за навивачите и членовите на тимовите. ФИА и Формула 1 ќе продолжат да ја следат ситуацијата и ќе се обидеме да најдеме датум на крајот на годината. Кина е за нас многу важна и се надеваме дека ќе се вратиме што е можно поскоро“, се вели во соопштението на ФИА.

Засега нема информации кога би можело да се одржи оваа трка од Ф1 календарот.

- Оглас -

Најнови вести