Поради Коронавирусот, поставен нов рекорд на Football Manager – колку ли луѓе играле во ист момент?

Пандемијата која ја зафати целиот свет од опасниот Коронавирусот доведе до „замрзнување“ речиси на сите спортски активности. Како никогаш досега, за еден викенд имаше мал број фудбалски возбудувања, па фудбалските фанатици мораа да најдат нов начин за забава.

Препораката од Светската здравствена организација е сите да останат во своите домови и да се изолираат, па тоа доведе до масовно играње на една од најпопуларните видео игри Football Manager. Мајлс Џекобс, кој е директор на компанијата Sports Interactive,, објави дека вчера во еден момент онлајн на Football Manager биле „закачени“ 90.000 играчи, што преставува апсолутен рекорд.

- Оглас -

Најнови вести